MKDNews.com

Пријавени две лица – Краделе велосипеди, купувале дрога

септември 22
15:33 2013

policija3СВР Скопје, Одделение за имотни деликти, поднесе кривична пријава против лицата A.З. (19). A.Б. (25) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле 14 кривични дела – “тешки кражби на велосипеди“ казниви по чл 236 од КЗ на РМ со што противправно се стекнале со имотна корист од околу 164.300 денари.

Тешките кражби двајцата пријавени ги извршиле на различни подрачја и тоа на подрачје на ПС од ОН Карпош извршени се 11 тешки кражби; на територијата на ПС од ОН Центар извршени се две а една тешка кражба е извршена на подрачје на ПС од ОН Чаир.

Притоа делата сторителите ги извршувале на тој начин што со употреба на подесен алат во 11 случаи украле велосипеди кои сопствениците ги имале врзано со сајла за гелендерите во зградите а во по еден случај со кршење на катанец од подрум, со прекачување на балкон и со кршење на катанец од гаража. Кражбите ги извршувале во различен период од денот, а украдените велосипеди ги продавале на дивите пазари Под Кале и во Шуто Оризари на случајни минувачи за многу пониски цени од реалните додека добиените пари ги трошеле за опојни дроги, алкохол и други лични потреби.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.