MKDNews.com

Претседателот Иванов синоќа се обрати на фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” (фото)

септември 15
12:48 2013

Претседателот Иванов синоќа се обрати на свеченото отворање на 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” во Домот на култура во Битола.
Годинешното 34. издание на фестивалот „Браќа Манаки”, кој традиционално се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, е под мотото „ Пушти ја светлината“.

996006_10151677467246158_1976236017_n

„Чест и задоволство е да ве поздравам во македонската филмска престолнина. Во Битола. Да ве поздравам на отворањето на 34. издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Најстар фестивал на светот кој го вреднува авторскиот придонес на директорите на фотографија.
Мотото на фестивалот нè поттикнува да се прашаме што е светлината. Велат дека светлината ја дава смислата на сè. Дека без светлината дури и темнината е бесмислена. Светлината го покажува патот, го разоткрива скриеното и ни ја открива вистината.
Човековите патишта до вистината најчесто водат низ религијата, филозофијата или науката. Но, можеби највозбудлив, најнепредвидлив и најкреативен е патот што до вистината води низ уметноста“, истакна претседателот Иванов во обраќањето на свеченото отворање на 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”.
1209116_10151677467826158_1423145260_n
„Како најуспешна во големата потрага се покажа седмата, обединувачка уметност. Уметност која расветлува што значи да се живее, твори и создава. Уметност која ги расветлува човековите предрасуди, стравови и илузии, но и соништа, мечти и стремежи. Го расветлува минатото, помага во разбирање на сегашноста и ни дава проекција на иднината. Дури и кога ја користи илузијата на визуелните ефекти за таа цел.
За тоа зборуваат и луѓето врз кои се темели нашиот фестивал, првите македонски и балкански кинематографи, браќата Јанаки и Милтон Манаки. Расветлувајќи ја нивната сегашност, тие ни осветлија дел од нашето минато и ни овозможија да имаме појасна визија за иднината. Низ објективот на легендарната „Камера 300“, тие не ѝ дозволија на темнината да го проголта нашето културно минато. Напротив, ја зачуваа, промовираа и афирмираа нашата култура, историја и секојдневие“, порача претседателот Иванов.
554088_10151677467366158_1994501188_n
„Тоа што Милтон и Јанаки го започнаа, фестивалот успешно го продолжува повеќе од три децении. Низ годините, овој фестивал стана промотор на Република Македонија, на македонската кинематографија и култура во европски и светски рамки. Уште поважно, Фестивалот стана врска меѓу врвните филмски остварувања и искрените почитувачи на филмот“, истакна претседателот Иванов во своето обраќање на свеченото отворање на 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”.
993729_10151677466966158_546538933_n
994625_10151677467076158_320278344_n
1185101_10151677467351158_2142040523_n
1234381_10151677467931158_229659772_n

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment