MKDNews.com

Престрелка на Косово: Загинал полицаец од мисијата Еулекс

септември 19
16:29 2013

Еден припадник на ЕУЛЕКС изутрината бил убиен кога непознати лица отвориле оган врз возилото на мисијата на Европската унија на територијата на општина Звечан.

Ова за Радио Слободна Европа го потврди командантот на полицијата во јужниот дел на Митровица Ергин Медиќ. Убиенот бил државјанин на Летонија. Според српските медиуми, во нападот биле ранети уште двајца полицајци.

ЕУ и НАТО го осудија убиството на полицаец на Еулекс на Косово

image

Високата претставничка Европската унија за надворешна и безбедноста политика о генералниот секретар НАТО остро го осудија нападот врз конвојот возила во северниот дел од Косово во кој беше убиен припадник на полициската и правосудна мисија на ЕУ за помош во владеењето на законите во Косово.

„Најостро го осудувам нападот кој доведе до смртта на припадник на Еулекс. Сторителите мораат да бидат изведени пред правдата”, изјави шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. Жртвата е Литванец, цариник на Еулекс, кој загина во четвртокот наутро кога е отворен оган врз две возила на Европската унија во северниот дел од Косово. Инцидентот се случи во многу чувствителен момент, пред одржувањето на локалните избори на Косово, на коишто првпат ќе учествуваат и Србите коишто се огромно мнозинство во северниот дел од поранешната српска покраина којашто во 2008 година едностран и прогласи независност од Белград.

Гласањето на Србите е дел од договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Пришитна, постигнат под патронат на Брисел. Ештон притоа изрази сочувство до семејството на загинатиот припадник на Еулекс, и ги повика сите страни на Косово да го удвојат своите напори за спроведување на постигнатите договори за нормализација, за да се подобри животот на населението на Косово. По повод инцидентот се огласи и генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој изјави дека насилствата се „неприфатливи и дека нема да бидат толерирани”,. „КФОР (мисијата на Алијансата на Косово) и натаму ќе ги презема потребните мерки за да го исполни својот мандат – да се придонесе за безбедно опкружување и да се обезбеди слобода на движењето на Косово. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа во тесна соработка со Еулекс”, вели Расмусен во писмената изјава.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment