MKDNews.com

Познат британски актер обвинет за силување девојчиња!

септември 03
16:22 2013

majklЕден од најпознатите британски телевизиски актери е обвинет за тешко злосторство. Актерот кој се прослави со серија „Coronaton Street“, Мајкл Тарнер, се соочуваат со обвинение од 12 точки од кои 5 се однесуваат на силување .

Во тек е судскиот процес за овие злосторства пред британскиот суд. 48 -годишниот актер долго време силувал една млада девојка, чиј идентитет не може да биде откриен според британскиот закон, а која е сексуално злоупотребувана од шестата година од нејзиниот живот, пишува Би-Би- Си. Актерот е обвинет и за три обиди за силување, два случаи за принудување дете да учествува во сексуални активности и два случаи за сексуална активност со дете.
Тужителот тврди дека сето тоа се случувало во периодот од 2001 -та и 2010 година. Девојчето раскажало на поротата дека Мајкл и ставал плишани мечиња врз устата за да не се слуша нејзиниот плач за време на силувањето. После овој ужасен чин тој и викал: Сега си безбедна. Го истерав сето зло што го имаше во тебе.

Говорејќи за злосторството, девојката кажала дека се чувствувала многу исплашена бидејќи сето тоа и се чинело неисправно. „Понекогаш се чинеше како да не бев во моето тело, како да набљудував се одстрана”, изјавила девојката, додавајќи дека нејзиниот злоставувач за време на силувањето мирисал на алкохол и цигари.

Девојчето за силувањето не зборувала со никого , бидејќи се плашела . Се доверувала само на своите играчки. Мајкл и рекол дека тоа е нивна мала тајна и дека не смее да зборува за тоа, бидејќи тогаш ќе биде киднапирана , ќе умре и злото ќе дојде по неа. Кутрото девојче со години страдала од кошмари и сексуална злоупотреба и мокрела во кревет се до својата 12 година. Мајкл инаку е татко на две деца, а од неговата сопруга Џенет Беверли е разведен. Тој е еден од најпрепознатливите британски лица.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment