Постигнат договор: Ембаргото ќе падне!
Koсово и Македонија постигнаа договор за надминување на трговската криза и слободно движење меѓу двете земји, потврдиле од кабинетот на потпретседателот на косовската влада, Харедин Кучи, објави онлајн-изданието на приштинскиот весник „gazetaexpress.com“.
„Потврда за ова доаѓа од кабинетот на потпретседателот на косовската влада, Харедин Кучи, кој денеска имал интенизвни консулатаиции и комуникации со официјално Скопје за да се најде решение во врска со ембаргото од косовска страна за производите од Македонија, а од друга страна да се укине влезната такса за граѓаните на Косово, која се применуваше како противодговор од македонска страна“, се наведува во веста.
Дритан Лајчи, советник на Кучи, изјавил за „Експрес“ дека сè уште нема класичен договор, но има согласност да се врати состојбата каква што беше пред донесувањето на одлуките за ембарго и влезна виза.
– Договор во класична форма нема, туку договор за враќање на состојбата како порано, како што беше пред блокадата – изјавил Лајчи.
Според него, доколку оди сè како што е планирано, двете влади ќе излезат со официјални соопштенија од кабинетите на премиерите Хашим Тачи и Никола Груевски.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment