MKDNews.com

Почит за загинатите во бродската несреќа

септември 05
23:40 2013

По повод одбележувањето на четвртата годишнина од бродската несреќа, што се случи на 5- ти септември 2009- та година, денес, делегација на општина Охрид , предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска, претставници на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и претставници на граѓански здруженија, положија свежо цвеќе на спомен обележјето подигнато на градскиот кеј, во чест на трагично погинатите петнаесет бугарски туристи. На местото каде што потона бродот „ Илинден“ , во близина на авто- кампот „ Елешец“ , делегациите пуштија меморијален венец во водите на Охридското Езеро , посакувајќи , во иднина, никогаш и никаде, да не се случуваат вакви несреќи.

Бродската несреќа се случи на 5- ти септември 2009 година во 10 часот и 35 минути на околу 200 метри од брегот, во близина на аввто- кампот „ Елешец“ , кога потона бродот „Илинден“. Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи, но благодарение на пожртвуваноста на капетанот на бродот и присебноста на посадите на бродовите „ Александрија“ и „ Кристина“ и други храбри граѓани, беа спасени останатите 38 туристи од Бугарија кои се превезувале со бродот.

pocit201

pocit202

pocit203

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.