MKDNews.com

Почина познатиот кујунџија Вангел Деребан

септември 10
17:49 2013

dereban1qВо 93-та година од животот денес почина Вангел Деребан,познат филигран-уметник од Охрид на чии творби од сребро му се воодушевуваа љубителите на уметнички дела од земјава и од странство.

Вангел Деребан е роден во 1920 година во Струга.

Во својот богат животен век Деребан се докажа како врвен творец во областа на филигранството.Во неговиот дуќан во градската чаршија чести посетители беа љубителите на уметноста од земјава и од странство.Неговите дела од сребро и друг накит ги носеа кралици од познати европски династии,жени на светски политичари,како и оние од поранешна Југославија.

Деребан беше врвен уметник во својата област.Речиси да нема место на земјината топка каде што нема некое негово дело.Творбите на Деребан можат да се сретнат од Аргентина во Јужна Америка,па се до Европа,а и на други континенти.

То беше последниот уметник -филигранист кој го негуваше изворното филигранство,како уметност која знаеја да ја ценат вистинските љубители на уметнички дела.

Погребот на Вангел деребан е утре на Градските гробишта во Охрид во 15 часот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.