MKDNews.com

Почина Дуле од дуото “Дуле и Коки”

септември 23
17:56 2013

image
Во Клиничкиот центар во Скопје почина пејачот Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“. Заедно со својот другар Коки, уште во студентските денови формираа дуо и нивните весели песни брзо ја освоија јавноста.

Пејачот Душан Љубисављевиќ од дуото “Дуле и Коки”, починал на една од скопските клиники. Поради тешката состојба во која се наоѓал пејачот, уште во раните утрински часови, неговите органи почнале да откажуваат, а денеска околу пладне настапила и смртта поради откажување на работата на срцето. 

Инаку, групата “Дуле и Коки” до сега имаат снимено вкупно четири албуми. Последниот, кој содржел 11 песни, се совпаѓа со 20-годишниот јубилеј на дуото, кои во 1993 година започнаа со свирки на студентски забави. Во 1997 година победија на “Макфест” со темата “Виолина и гитара”. Единствениот голем концерт што Дуле и Коки го одржаа во Скопје беше за прославата на 10-годишниот јубилеј, во 2003 година. Љубисављевиќ зад себе ја остави сопругата Љупка Нескова, со која пред само неколку месеци се оженил по втор пат.

Во бракот ја посвои нејзината 5 годишна ќерка.  Блиски пријатели на пејачот велат дека иако претходно немал кардиолошки проблеми, наеднаш му откажало срцето. Погребот ќе биде утре на градските гробишта, во неговиот роден Штип.

38 – годишниот пејач неколку години наназад имал здравствени проблеми со црниот дроб.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.