Пентагон размислува за долга операција во Сирија
Пентагон се подготвува за долга воена операција во Сирија , подолга отколку што првично беше планирано ,пишува ” Лос Анџелес тајмс” .
Таа вклучува интензивни ракетни напади , проследени со воздушни напади на одредени цели .
Плановите за напади за подолг период од 3 дена се резултат на верувањето на Белата куќа и Пентагон , дека ќе е потребна многу поголема огнена моќ ,за да се нанесат дури и минимални штети на силите на сирискиот претседател Башар Асад .
Официјални лица во државната администрација на Белата куќа бараат покусата листа на цели во кои ке бидат вклучени уште 50 објекти за уништување.
Плановите на Пентагон се во операцијата да се вклучат бомбардери и 5 воени бродови, кои патролираат во моментов во Средоземното Море.
Воена интервенција во Сирија без мандат од Советот за безбедност на ОН би била незаконска , изјави во меѓувреме , премиерот на Словачка.
Роберт Фицо , истакнувајќи дека употребата на сила во блискоисточната држава ќе доведе до хаос.
Според словачкиот лидер само мандат од ОН и ” вистински докази ” за употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим бидат да дадат основа за воена операција , пренесе РИА Новости .
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment