MKDNews.com

Пејачка со брада ќе ја претставува Австрија на Евровизија (видео)

септември 16
23:11 2013

brada-1-Иако до следното издание на Евровизија кое треба да се одржи во Данска има повеќе од половина година, Австрија уште сега го одбра изведувачот кој ќе ја претставува на оваа манифестација – брадестата травеститка Кончита Вурст

Станува збор за 25 – годишниот Томас Том Ноивирт. Таа (тој) ја отпеа песната „That’s the way I am“ со која го освои второто место, но од управата на австрискиот јавен сервис ORF решиле дека токму Кончита треба да ја претставува земјата на натпреварот во Копенхаген во мај 2014 година.

Со оглед на тоа дека нејзиното презиме во превод значи колбас, австриските медиуми веќе ја нарекоа „брадест колбас“.

Кончита Вурст во Австрија станала позната по учеството во тамошното реално шоу Страманина, а се прославила со настапот во австриската верзија на Суперталент – „Големата шанса“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.