MKDNews.com

Отворено новото ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром (фото)

септември 02
18:15 2013

Во Реонски центар – Аеродром денес беше пуштено во употреба новото основно училиште „Александар Македонски“. Настава ќе посетуваат околу илјада ученици во 18 училници. Изградбата на училиштето ја овозможи Владата на Република Македонија и МОН за што беа одвоени околу 130 милиони денари.

Новото училиште во употреба го пуштија премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот Ивица Коневски.

Оваа учебна 2013/2014 година во „Александар Македонски“ се организира настава за ученици од прво до петто одделение. Од наредната учебна година се очекува да се зголеми бројот на деца кои ќе се запишат во ова училиште.

Новото училиште е на површина од 5.300 метри квадратни распоредени на три нивоа. Во него се сместени 14 училници и четири опремени кабинети, со капацитет од 800 до илјада ученици во две смени кои ќе следат настава на македонски јазик. Во состав на објектот е изградена спортска сала со површина од 420 метри квадратни.

Изведувач на проектот беше „Бетон“ од Скопје, а Општина Аеродром хортикултурно го уреди објектот, ја презема одговорноста за натамошно менаџирање на овој објект и го набави мебелот и опремата потребни за внатрешно уредување на училиштето
[print_gllr id=16484]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.