MKDNews.com

Откриен подрум за силување, убивање и јадење деца (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО/ВИДЕО)

септември 13
17:45 2013

image

Америка е згрозена од последното апсење на педофил кој признал дека планирал да убива и јаде деца.Во неговиот дом полицијата откирала ужасна сцена, подземни соби со детски ковчези, синџири, алати за кастрација и убивање.Во овие морбидни зандани идниот канибал Геоф Портвеј планирал да ги оствари своите болни фантазии, да убива и да јаде невини деца.

Занданите биле откриени по двегодишната истрага на педофилски синџир која довела до куќата на Портвеј, американски државјанин роден во Велика Британија. Во неговиот дом биле откриени скали кои воделе до скриени и звучно изолирани соби во кои што биле пронајдени ковчези за деца, железен кафез, лисици, алат за кастрација и колекција ножеви. Портвеј имал и серија фотографии од млади момчиња.

Геоф се изјаснил за виновен за планирање на киднапирањето на деца и за поседување на детска порнографија, а неговата пресуда ќе биде донесена во текот на следната недела. Обвинителите се надеваат дека тој ќе биде осуден на најмалку 27 години затвор. Портвеј на социјалните мрежи го користел псевдонимот „Longpig”, а полицијата дошла и до неговите разговори со други педофили со кои што разговарал за својата желба да киднапира, убива и јаде деца.

Згрозувачки се разговорите на уапсениот канибал и сексуалниот престапник Роналд Браун, осуден на 20 години затворска казна. Тие разговарале како ќе ги убиват и сечат малите момчиња. Портвај дури му пратил и фотографија на која покажал како планира да искасапи едно мало момче. Дури му рекол дека сака да отвори и крематориум, велејќи дека секое момче кое ќе го донесат за кремирање магично ќе исчезне. Двајцата делеле фантазии како ќе носат момчиња во изнајмена куќа во Еверглејдс, Мајами, а таму ќе убиваат момчиња и ќе ги јадат, а на крај остатоците ќе им ги дадат на алигаторите.
Тој бил само еден од десетината уапсени педофили во рамките на истрагата која започнала кога бил уапсен еден маж од Масачусетс, а кој подоцна бил осуден на 18 години затвор. Во текот на големата истрага уапсени се повеќе од 50 лица, додека 160 деца биле спасени во САД, Канада и Европа.

image

image

image

image

image

image

image

image

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.