Откриен најголемиот вулкан на светот
На дното на Пацификот,околу 1.600 километри оддалеченост од Јапонија,лежи најголемиот активен вулкан на светот.Со поршина од 310 илјади километри квадратни овој подводен џин воедно е и најголем во сончевиот систем и го надминува предходниот шампион,хавајскиот вулкан Мауна Лоуу.
Научнициите од Универзитетот во Хјустон,предводени од професорот Вилијам Сагер долго не можеле да утврдат дали е во прашање вулкан или станува збор за неколку подводни еруптивни точки.
Коначно,примероците земени од неколку точки на неговата површина покажале дека огромната маса на базалт ја сочинува еден вулкан,за кој се верува дека е стар околу 145 милиони години.
„Неговиот облик е целосно поинаков од било кој подводен вулкан откриен на Земјата.Може да ни помогне за новите сознанија како се формирани масивните вулкани”,рекол Сагер
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment