MKDNews.com

Ослабела 196 килограми и заврши во инвалидска количка

септември 15
19:23 2013

Британка Бет Бич
се одлучила за вгрдување на гастричен бајпас иако нејзината телесна тежина била 196 килограми што било многу ризично за операцијата и за малку ќе умрела.

image

Ситуацијата се комплицирала кога по завршувањето на операцијата 25 годишната британка почнала неконтролирано да ги губи килограмите поради што дошла до 27 килограми и завршила во инвалидска количка.

image

Истражувањата покажале дека лекарите за време на операцијата и предизвикале сериозни оштетувања на ѕидот на дебелото црево поради што храната не можела да се апсорбира во нејзиниот организам, пишува Daily Mail.

По операцијата британката била на посебен режим на исхрана и морала секојдневно да внесува 15 илјади калории. Иако почнала да ја зголемува телесната тежина лекарите и рекле дека ќе остане стерилна до крајот на животот.Но, сепак минатата година Бет забременила и роди здраво девојче. Сега таа има 78 килограми и сосема нормално живее без никакви проблеми.

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment