Опасно свлечиште на неколку часа затвори улица во центарот на Охрид
септември 07
15:52
2013
Цел ден траеа активностите за санација на свлечиштето на улицата „Димитар Влахов“ во центарот на Охрид. Со тешки товарни возила и градежна механизација денес се отстрани пропаднатиот тротоар и делот од коловозот на „Димитар Влахов“ и се нанесе нов и цврст тампон. Нема опасност по безбедноста во сообраќајот, оценила сообраќајната полиција од Охрид по што по еднонасочната улица, иако отежнато сепак ќе се дозволи движење на возила.
Околу десет часот утрово, ЈП „Проаква“ го санира дефектот на водоводната цефка и го реши доводот на вода на жителите од улицата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment