MKDNews.com

Охриѓани краделе нафта од туристички автобуси

септември 10
19:01 2013

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 15 казнени дела „Тешка кражба“, поднесе кривична пријава против П.П.(24) и Д.Н.(31) од Охрид. Нив истражен судија им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавените, во периодот од 18-ти Јули до 8-ми Септември оваа година неовластено одзеле близу 2200 литри нафта со што се стекнале со противправ- на имотна корист од 160.000,оо денари. По претходен меѓусебен договор, сега притворените со употреба на подесен алат и физичка сила насилно ги отварале резервоарите од туристички автобуси паркирани пред ресторани, хотели и други угостителски објекти во градот и хотелските комплекси. Тука, користејќи го алатот вршеле отварање на резервоарите и со црево ја прелевале нафтата во пластични канти. На тој начин, П.П. и Д.Н. оштетиле повеќе туристички автобуси од Полска, Чешка, Австрија, Литванија, Бугарија, Романи- ја, Албанија и Македонија. Пријавените, кражби на нафта вршеле и од товарни моторни возила паркирани во периферниот дел на градот.
Одземената нафта, пријавениот П.П. кој бил нерегиструран такси превозник ја користел за свои потреби а останатиот дел заедно ја продавале на неколку лица од Охрид.
При извршен претрес во нивните домови како и во такси патничкото моторно возило марка „Форд Ескорт“ полициските службеници пронајдоа повеќе пластични канти од 200 литри, нараквици, повеќе ребрасти црева, рачно изработена инка, една безбол палка како и други предмети. Тие се одземени и предадени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје.
Пријавените се лица познати на службата против кои, по разни основи и досега се поднесувани кривични пријави.

krazba-avtobus-2

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment