Новиот Ајфон ќе има екран од 6 инчен (видео)
септември 07
22:27
2013
„Епл .инк“ го тестира новиот Ајфон кој по физичките предиспозиции би можел да биде најголем од своите претходници, пренесува „Вол Стрит Журнал“. Интересно е тоа што основачот на компанијата, покојниот Стив Џобс, беше против големи модели на телефони.
Спротивно на желбите на Стив Џобс, „Епл инк“ тестира телефон кој ќе биде најголем до сега
Џобс остро се спротивставуваше на гломазните модели на Ајфон. „Епл“ веќе тестираше телефони со големи екрани, но како што пренесува весникот, сега се подготвени да направат поголем чекор отколку минатата година.
За сега, големите Ајфони се само прототипови, бидејќи како што се зборува, новиот телефон кој ќе биде претставен на 10 септември ќе има екран од 4 инчи исто како Ајфон 5.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment