MKDNews.com

Нови Пазар: Еден убиен и еден ранет во вооружена пресметка (видео)

септември 03
17:25 2013

фото blic.rs

фото blic.rs

Околу  тринаесет часот во центарот на Нови Пазар, Србија едно лице е убиено и едно рането а напаѓачот избегал, јави РТС.

Дваесет и шестгодишниот Фатмир Метиќ е убиен откако во него пукал дваесетгодишниот Самир Коца, додека со тешки повреди по телото поминал Един Шкриељ (28).

Коца пукал со пиштол во Метиќ и Шкриељ додека тие се возеле со мотор, во движење во близина на градскиот плоштад.

Како што јавуваат тамошните медиуми Коца и Метиќ веќе подолго време и биле познати на полицијата.

Според кажувањата на случајните минувачи Коца излегол од својот автомобил и пукал во Метиќ и Шкриељ по што избегал во непознат правец.

Повредените веднаш биле префрлени во болницата во Нови Пазар каде што Фатмир им подлегнал на повредите а Един е надвор од животна опасност.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment