MKDNews.com

Нов случај на оштетено македонско возило во Полихроно

септември 02
16:23 2013

Македонската гранична полиција евидентираше нов случај на оштетување на возило пријавен од страна на македонски државјанин кој престојувал во Грција, со што бројот на вакви инциденти летово се искачи на 61.

Имено, вчера на Граничниот премин “Богородица“, Б.Б. од Скопје, кој управувал со патничко моторно возило “Кадиз”, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во местото Полихроно му биле прикриени ознаките МК со спреј. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција биле регистрирани вкупно 61 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 21 случај.

Од сите случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција ,но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба на регистарски таблички или оштетување на моторно возило и натаму предничи и изнесува 32, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.