MKDNews.com

Нимиц : Грција бара име за севкупна употреба

септември 11
18:41 2013

Нимиц изјави дека Атина имала две забелешки на неговиот предлог – местоположбата на географската одредница, како и обемот на употребата на името, односно инсистирале на име за севкупна употреба.

Така тоа име ќе се користи во официјални документи, официјални писма. Тоа значи дека треба да се користи само тоа име. Јас сум Метју Нимиц и немам друго име. Тоа не значи дека кога зборувам со жена ми таа треба да ми се обраќа така на официјалното име. Таа може да ми се обрати поинаку.

Но, официјално на документи е моето официјално име – појасни Нимиц. Неофицијално се дознава дека Грците инсистирале прво да се заокружи пакетот околу името, а идентитетските прашање би се отвориле подоцна.Во Атина имаат два проблема во врска со мојот предлог – местоположбата на географската одредница и обемот на употреба на договореното име. Во Скопје, пак, добив став кој е во согласност со долгорочните стратегиски позиции на земјата – изјави Нимиц.

Тој најавува нова рунда разговори во Њујорк. Вечерва заминува во Солун на нова средба со грчкиот преговарач Василакис, ќе го информира за разговорот со македонските власти. Нимиц во Скопје разговараше со целиот државен врв, додека во Атина средба имаше само со министерот за надворешни работи Венизелос.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.