Неверојатна сообраќајка во Британија,во судир на 100 возила има само повредени (видео)
септември 05
19:54
2013
Најмалку 100 возила се судриле едно во друго во масивна сообраќајна несреќа днеска во југозападната област Кент, Велика британија, соопштила тамошната полиција, јавува Си-Ен-Ен.
Во несреќата се повредени повеќе од 200 лица, од кои шестмина се посериозно.
Масовна верижна сообраќајка се случила на мост кој што ги поврзува островот Шепи со копното, а причина најверојатно е густата магла.
На видеото може да се види долга колона од автомобили и камиони судрени едни во други. Возачите, од кои некои повредени, седат покрај патот во исчекување на помош.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment