MKDNews.com

Напаѓачот од воената база бил психички болен

септември 17
17:58 2013

Арон Алексис, човекот кој уби 12 лица при вчерашниот напад во комплексот Нејви Јард во Вашингтон, каде се наоѓа Командата на Воената морнарица на САД, имал сериозни психички проблеми, страдал од параноја и несоница, соопштија полициски службеници.

Алексис (34) од август се лекувал заради своите психички проблеми, изјавија полициски извори, кои побараа да останат анонимни се додека трае истрагата.

Информацијата за неговото лекување е потврдена и од членови на неговото семејство.

Алексис работел во компанија што била изведувач на работи за Воената морнарица и не бил прогласен за психички неспособен за воена служба