Нападнат е Македонскиот конзулат во Приштина или не е?
Молотов коктел синоќа околу полноќ бил фрлен врз објектот во кој е сместена македонската амбасада во Приштина, објавуваат некои косовски медиуми.
Весникот Бота Сот пишува дека нема повредени, ниту материјална штета и дека нападот според полициски извори го извршиле три лица со бел автомобил типот Тојота.
Како што јавуваат медиумите, амбасадата е засилено обезбедена од страна на косовската полиција.
Бота Сот пак пренесува полициско соопштение во кое се негира дека се случил ваков инцидент и дека таков случај не е пријавен.
Истото го велат и од македонското Министерство за надворешни работи.
– Нема никаков инцидент, се работи за дезинформација. Не се случил никаков напад врз амбасадата, се е во ред – вели портпаролот Васко Андоновски.
За да биде ситуацијата поинтересна набрзо по објавувањето на информацијата за инцидентот од страна на медиумите реагирала косовската претседателка Атифете Јахјага. Таа го осуди нападот и побараа откривање на сторителите.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment