MKDNews.com

Намерно заразил со ХИВ 300 сексуални партнери!

септември 07
19:28 2013

sidaaaДејвид Ли Мангам имал сексуален однос со 300 луѓе откако пред 10 години дознал дека е заразен со СИДА, по што е обвинет дека намерно ги инфицирал жртвите. Пред судот во Декстер, Мисури, тој се изјаснил виновен за обвинението.

Мисури е една од 37-те американски држави во која казната за намерно ширење на вирусот ХИВ е доживотен затвор.

Според судските записи, овој 36-годишен маж им рекол на детективите дека имал незаштитен секс со 300 партнери од кога пред десет години му била дадена дијагноза дека е заразен со ХИВ вирусот, од кој се добива СИДА.

Многу негови средби биле организирани преку интернет, им рекол на истражителите, и им објаснил дека се состанувал со мажите во парковите, на станици за камиони и на други оддалечени локации.

Многу од жртвите биле камионџии

Полицијата верува дека многу негови партнери биле камионџии или други луѓе кои поминуваат низ тој крај, поради што стравува дека ќе биде тешко да ги најде и извести потенцијалните жртви, особено кога имаат предвид дека Мангам за нив знае многу малку.

Поради тоа властите им се обратиле на медиумите и од тогаш се појавиле нови потенцијални жртви, рекол обвинителот Расел Оливер.

Мангам е во притвор и одредена му е кауција од 250.000 долари.

Прелиминарното рочиште е закажано за 26 септември.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment