MKDNews.com

Најмладиот пилот на светот има 5 години

септември 03
21:16 2013

image

Хе Јиде има само 5 години, но се впиша во Гинисовата книга на рекорди како најмлад пилот.
На 31 август ова дете 35 минути леташе над парк во Пекинг. Тренерот и копилот седел покрај него, и како што кажува само малку му помогнал.

Детето е познато во Кина уште од февруари минатата година, кога на интернет е поставено видео како тоа трча по снег само по долен веш. Видеото е поставено од неговото семејство и е снимено во Њујорк на температура од минус 13 степени Целзиусови.Способноста ова дете да управува со авион ги запрепасти кинезите. Тој самостојно полетал со авионот после помалку од месец дена тренинг во едно приватно училиште за летање во Лангфанг. Неговиот татко за тој курс платил 30.000 јуани (околу 4.905 долари).Дел од јавноста е шокирана од „детето орел“ како што го нарекле тие и му даваат поддршка за спартанската обука која ја применува неговиот татко, додека пак други се прашуваат дали таткото го користи својот син за да се стекне со слава.Имено, неговиот татко ги објавил секојдневните тренинзи на детето во пилотирањето на авион, спорт и математика на кинескиот микроблог сајт Weibo.Петгодишното дете до јули оваа година ја совладал целокупната програма од прво до трето одделение, а сега слуша предавања од четврто одделение на Експерименталното основно школо при Универзитетот за наука и технологија во Нанџинга.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.