Најмладата мајка на светот родила дете на пет години (видео)
Лина Медина е најмладата мајка во светот е, која во 1939-та година на само 5-годишна возраст го родила првото дете!
Во болницата во Перу влегла изморена Индијанка од подножјето на Андите. За рака водела срамежливо девојче со необично голем стомак.Вперувајќи го прстот во девојчето, Индијанката го замолила докторот да ги избрка од неа злите духови кои ја запоседнале. Лекарот бил убеден дека петгодишното девојче има тумор на абдоменот, но тогаш дошол до вчудоневидувачко откритие – девојчето е во осмиот месец од бременоста.
Месец ипол подоцна на 15 мај 1939-та, ова 5-годишно девојче родилo машко дете. Бебето го добило името Џерардо по докторот кој ја породил Лина. Лина никогаш не го открила таткото на нејзиното дете, ниту околностите под кои останала бремена. Нејзиниот син никогаш не дознал дека таа му е мајка. Тој живеел мислејќи дека му е сестра, а Герардо починал на 40-годишна возраст од болест на коскената срж.
Подоцна нејзиниот татко бил уапсен под сомнение за силување и инцест, но бил ослободен поради недостаток на докази.
Нејзиниот случај до детали го докумнетирал доктор Едмундо Ескомел во „La Press Medicale“, како и фактот дека на девојчето во четвртата година почнале да и растат градите, а во петтата и созреале коските потребни да ја износи бременоста.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment