MKDNews.com

Најмалку пет загинати при несреќата во Отава Канада (фото)

септември 18
17:39 2013

Тешката сообраќајна несреќа се случила во утринските часови по локално време во Отава Канада.
Според првичните информации кои ги пренесува ctvnews во сударот на катниот автобус и патничкиот воз животот го загубиле најмалку пет луѓе.„Сите настрадани биле во автобусот”, рече Марк Месиер од противпожарната единица во Отава.

Несреќата се случила кога градскиот автобус минувал преку железнички премин.
Патничкиот воз сосема го откинал предниот дел на двокатниот автобус, кој, според изјави на сведоци, не запрел на преминот и ја пробил рампата. Роберт. Куртенбах, кој се возел на горниот кат од автобусот и не е сериозно повредени, изјави дека видел повеќе од три мртви тела на местото на несреќата, а противпожарната екипа соопшти дека загинале најмалку пет лица.

“Воопшто не запре. Мора да му откажале сопирачките или претрпел срцев удар. Едноставно не се ни обиде да запре, а тогаш возот удри во него”, изјави Паскал Лолгис, кој го видел ударот.Пожарникарите, кои први интервенирале на местото на несреќата, истакнале дека ударот исфрлил од шините два или три вагони, но оти сите загинати и повредени се од автобусот. Локомотивата запрела стотина метри по ударот.

image

image

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.