MKDNews.com

На полноќ се крена рампата кон Косово

септември 15
07:38 2013

Вицепремиерот за економски прашања во македонската влада и министерот за економија Владимир Пешевски и Ваљон Сарачини беа во посета на граничниот премин Блаце каде што се уверија дека од полноќ ќе бидат кренати рампите на границата со Косово.

-Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група на македонски производи, а потоа и целосна забрана на воз на македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската влада ќе ги укине, изјави Пешевски.

Тој потенцираше дека биле известени дека денес точно на полноќ ќе бидат укинати овие мерки од страна на северниот сосед, со што состојбата повторно ќе се врати во нормала.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.