MKDNews.com

На фејсбук се собираат “лајкови” за изградба на црквата во село Октиси

септември 16
20:54 2013

crkva oktisi fb“Лајк за изградба на црквата во Октиси“ е страната, која се појави вчера на социјалната мрежа фејсбук за собирање на гласови за обнова на црквата “Свети Димитрија” во струшкото село Октиси.

“Постои ли ЦРКВАТА,постоиме и НИЕ, затоа да кажеме ДА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВАТА ВО О К Т И С И” стои на страницата.

– “ОКТИШАНИ НЕМААТ НИКАКОВ ДЕМАНТ ПРОТИВ РЕАЛНОСТА,, А ТОА Е ПОСТОЕЊЕТО НА ЦРКВАТА,ПА ИЗМИСЛУВААТ НЕКАКВИ СИ КРИМИНАЛНИ ИГРИ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАСТА И ЦРКВАТА,ПРИТОА МЕШАЈЌИ ГО ДУХОВНИОТ СО СВЕТОВНИОТ АСПЕКТ НА ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД,СЕ СО ЦЕЛ ДА ЈА СПРЕЧАТ ИЗГРАДБАТА НА ЦРКВАТА…ЗА ЖАЛ,МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ВЕКОВНО ТВРДОКОРЕН НАРОД,И СЕГА ЈА ДОКАЖУВААТ САМО ВИСТИНАТА-ПОСТОЕЊЕТО НА ЦРКВАТА ВО ОКТИСИ!!!
И БАДИЈАЛА НЕКОЈ СЕ ПОТРУДИЛ ДА ГО ВМЕША ОТЕЦ ЗОРАН ПОПОСКИ ВО НЕКОИ СИ ЗАМИСЛЕНИ КРИМИНАЛНИ ИГРИ,КОГА СИТЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА ОТЕЦОТ ЧЕСНО СИ ЈА ИЗВРШУВА СВЕШТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА,ВО СОГЛАСНОСТ СО СВЕТИТЕ КАНОНИ НА МПЦ!!!”, пишуваат креаторите на фејсбук страницата.

Досега страницата им се допаднала на 733 фејсбук корисници.

Инаку меѓуверскиот конфликт во Октиси се случи на 25 Август, кога жителите од христијанска вероисповест беа спречени од нивните сожители од муслиманска вероисповест да постават темели за обнова на црквата “Света Димитрија” во селото Октиси.

crkva1w

crkva2ww

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment