MKDNews.com

На дното од езеро пронајдени 6 скелети на лица исчезнати пред 40 години (фото/видео)

септември 19
17:46 2013

По 40 години, на дното на езерото се пронајдени шест скелети, откако тестирале подводна опрема а се претпоставува дека се на луѓе кои оддамна се водат за исчезнати.
Нуркачите во Оклахома откриле две возила со шест скелети, кои биле исчезнати во 60-те и во 70-те години од минатиот век.Во едното возило, автомобил Шевролет Камаро биле пронајдени остатоци од телата на тројца тинејџери на возраст од 16 до 18 години, кои исчезнале во 1970 година за време на прошетка во градот Елк Сити. Возилото можеби му припаѓало на 16 – годишниот Џими Вилијамс. Тој последен пат бил виден на 20 ноември 1970 година, а со него биле ушете двајца пријатели, 18 – годишните Томас Риосо и Леа Џонсон.

Во другиот автомобил, Шевролет, се пронајдени брачна двојка и нивни пријател, по кои се трагало од раните 60-ти.Се уште не е познато од кои причини возилата завршиле во езерото, ниту дали станувало збор за несреќни случаи.

image

image

image

image

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment