MKDNews.com

МЗТ не успеа да стигне до трофејот на „Охрид 2013“

септември 22
00:53 2013

Македонскиот шампион МЗТ Скопје не успеа да стигне до трофејот на првиот меѓународен турнир “Охрид трофеј 2013“ кој викендов се одржуваше во нашиот најголем туристички центар.

„Металците“ во финалето загубија од Раднички од Крагуевац дури по продолжението со 88-90 (78-78,42-42). Нашиот тим во текот на целата средба бркаше негатива, која пред самиот крај на дуелот успеа да ја анулира за продолжение. Во дополнителните пет минути, повторно на седум секунди пред крајот имаше можност за победа но Гечевски не успеа да го реализира шутот од зад линијата за три поени.

Најефикасни во составот на МЗТ Скопје беа Гечевски со 24 поени, Дејвис заврши со 13 поени, Стојановски запиша 12 поени, додека Костоски – 10 поени.

Во победничкиот тим за најдобар кошаркар беше прогласен Марко Мариновиќ, кој финалето го заврши со 18 поени.

Третото место на турнирот го освои бугарскиот Лукоил совладувајќи го во малото финале Металац со 79-69.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment