MKDNews.com

МВР откри 22 „шпиони“ кои ја поткопале безбедноста на државата

септември 16
16:48 2013

policija3Разузнавачи, контраразузнавачи, полицајци, собраниски работник, екс директор, сопственици на приватни фирми се осомничени од полицијата дека соработувале со тајни странски служби и оддавале државни тајни. Доцна синоќа специјалците на МВР уапсија 17 лица, по тројца се трага, а двајца од осомничените се во затвор во Скопје. Оперативната обработка на полицијата под кодно име „Шпион“ според МВР ја открила шемата на осомничените која траела 2 години. Според МВР, осомничени се двајца вработени во Агенцијата за разузнавање, двајца во Управата за безбедност и контраразузнавање, четворица поранешни вработени во МВР, тројца од Министерство за одбрана, тројца сопственици на приватни фирми, еден вработен во Собрание на РМ, еден вработен во државниот архив и поранешен дирекор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

– Групата била организирана и оддавала класифицирани информации, строго доверливи информации и државни тајни. Осомничени се дека соработувале со различни странски служби, а информациите ги добивале од институциите во кои дел од нив работат, како и од контакти со поранешни политчари – рече Иво Котевски, портпарол на МВР.

Освен соработка со тајни странски служби, полицијата се сомнева дека државни тајни оддавале и во медиуми и интернет портали, за кои како што истакна Котевски, биле под контрола на осомничените. За кои конкретно медиуми станува збор, Котевски во интерес на истрагата не сакаше да открие денеска, најавувајќи повеќе детали за утре.

За досега уапсените нема сè уште поднесено ниту една кривична пријава. Според Котевски, делата за кои се осомничени и за што се врши со нив разговор во полициска станица се злосторничко здружување, шпионажа, уцена и измама.

Полицијата синоќа и утрово извршила претрес во 17 домови, каде биле пронајдени цели архиви со класифицирани податоци и строго доверливи информации. Податоците ги набавувале, најверојатно од службените простории бидејќи осомничените имале достапност до класифицирани податоци.

Со своите активности во прашање бил доведен државниот и безбедносниот систем, рече Котевски, но исто така групата вршела уцени и врз јавни личности и бизнисмени.

Утрово, некои медиуми објавија идентитет на дел од групата осомничени. Меѓу уапсените беа спомнати шефот на кабинетот на претседателот на Собрание на РМ, Марјан Маџовски, поранешниот генерал на „Лавовите“ Горан Стојков, Ване Цветанов поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Борис Дамовски, сопственик на продукцијата Контрабанда, разузнавачот Аце Диневски. Порталот Пресс 24, попладнево објави дека во групата осомничени е и новинарот Зоран Божиновски.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment