MKDNews.com

МВР го уапси актерот Кили (видео)

септември 06
18:28 2013

Министерството за внатрешни работи реализираше случај на неовластено одгледување и производство на наркотична дрога – марихуана со висок квалитет, одгледувана во посебни услови, од специфичен вид на семки која се карактеризира со низок раст и формирање на поголем цвет каде концентрацијата на THC (тетрахидроканабинол) е поголема при што запленети се 80 саксии во кои имало насади од растението “Canabis Sativa“.

МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот до Основното Јавно обвинителство – Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против К.П.Х. и В.П.Х..

Во текот на денот К.П.Х. ќе биде изведен пред надлежен истражен судија, додека В.П.Х. во моментов не е достапен на органите на прогон и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

МВР соопшти дека се работи за марихуана со висок квалитет, одгледувана во посебни услови, од специфичен вид на семки која се карактеризира со низок раст и формирање поголем цвет каде концентрацијата на тетрахидроканабинол е поголема, при што се запленети 80 саксии во кои имало насади од растението „канабис сатива“.

По претходно добиени сознанија дека лицата К.П.Х.(46) и В.П.Х.(36) во викенд куќа во Визбегово, на нелегален начин одгледуваат стебла од растението канабис сатива со цел да произведат марихуана, а врз основа на наредба од Истражен судија извршен е преглед и претрес во домот и други простории на двајцата. Притоа во подрумот од куќата во две специјално подготвени и опремени простории пронајдени се: 25 саксии со стебла во висина од 0,7 м до 1 м, 33 саксии со стебла во висина од 2 см до 30 см, 2 саксии со овенати стебла, еден пластичен сад во кој има електричен систем за наводнување и 20 стебла во големина од околу 10 см, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продолжни кабли, вентилатори и др.

Пронајдени се и хемиски препарати и адитиви за прихрана, растење и одгледување растенија и повеќе пакувања со семки од растението „канабис сатива“.

Двајцата пријавени во текот на 2012 година, неовластено, од Холандија набавиле семенски материјал кој го донеле во Македонија со намера да го засадат. За таа цел, во подрумската просторија во викенд куќа во Визбегово, сопственост на нивната мајка во која живее В.П.Х., специјално подготвиле и опремиле две простории, на тој начин што инсталирале систем четири вентилатори и едно алуминиумско црево за вентилација, три електрични рефлектори и алуминиумски фолии и систем за затоплување и регулирање на температурата односно еден термометар и два термостати, по што во специјално наменет пластичен сад во кој има инсталирано систем за наводнување, произведувале расад од семенскиот материјал кој потоа го пресадувале во саксии со цел да израснат стебла од растението „канабис сатива“.

Во временски период од околу шест месеци пријавените редовно ги надгледувале при тоа управувајќи со системите за вентилација, осветлување, затоплување и регулирање на температурата, ги полевале со вода, како и ги потхранувале со хемиски препарати и адитиви, со намера откако растенијата ќе достигнат одредена големина, разгранетост, како и откако ќе расцветаат, истите да ги оберат листовите и цветовите од растението „канабис сатива“, да ги исушат и произведат наркотична дрога марихуана.

Пронајдените стебла, стои во соопштението од МВР, се предадени на вештачење, при што е утврдено дека се работи за растението „канабис сатива“ со висок квалитет.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.