MKDNews.com

Муслиманката во Велика Британија сепак ќе мора да го открие лицето на суд

септември 16
21:38 2013

Британска муслиманка која во август беше пред судот сепак ќе мора да го открие своето лице кога ќе се појави на судско сослушување, пресуди денеска еден лондонски суд.

Ова е првпат во Велика Британија, судски да се нареди целосно забрадена муслиманка да мора да го покаже лицето во службена просторија. Досега се правеа разни отстапки во настојувањето да не се повредат правата на жените кои инсистираа да ги носат своите традиционални муслимански облеки, покривајќи го лицето, кога пред нив или околу нив има непознати мажи.

Идентитетот на жената не се соопштува, освен дека таа има 21 години, дека е од Лондон и дека вака се облекува од пред една година.

На претходното сослушување таа изјави дека не е виновна за она за што е изведена на суд, како и дека нема да го покаже лицето како што тоа го бара судијата.

Судот, меѓутоа, сега пресуди дека нема никакво загрозување на приватноста или непочитување на религијата, кога се бара службените лица да и го видат лицето. Судијата објасни дека ќе направи отстапка, овозможувајки и таа да сведочи зад параван, што ќе спречи публиката да и го види лицето, но ќе им овозможи да ја гледаат судијата, членовите на поротата и застапниците на обвинителството и одбраната.

Доколку муслиманката не прифати да го покаже лицето, ќе биде осудена за непочитување на судот.

Младата жена носи традиционална облека никаб, што ја корстат жените само во некои муслимански земји. Никабот ги покрива целото тело и главата на жената, оставајки само еден тесен отвор за очите.

Пресудата на лондонскиот суд доаѓа во време кога пратеници во британскиот Парламент бараат да се забрани целосното покривање на лицето на муслиманките во јавни простории. Велика Британија досега се противеше на било каква забрана за носење никаб, откако тоа го направија некои европски земји.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.