MKDNews.com

Моторџија удрил во крава на патот Кичево Охрид

септември 22
19:47 2013

kravaМладо момче попладнево, со тешки телесни повреди е донесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Како што „Охриднет“ дознава од извори во болницата, момчето имало скршеници на рамото и во долниот дел на ногата. Преземени биле неопходни хируршки зафати за санирање на повредите и за среќа немало посериозни последици по неговото здравје.

Сепак, како што велат од болницата „Св.Еразмо“, момчето ќе остане на понатамошна медицинска нега и лекарска контрола.

Според нашиот извор, момчето било на возраст од околу 25 години и живеело во Кичево. Повредите ги здобило во сообраќајна незгода денес попладне управувајќи мотор на патот кон Охрид. Кај селото Извор, момчето излетало од патот и удрило во крава која била на ливада.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.