MKDNews.com

Митрополитот Тимотеј преживеал срцев удар за време на седница

септември 18
23:37 2013

Надлежнииот архиереј на Дебарско-кичевската епархија и портпарол на МПЦ-ОА, митрополитот г. Тимотеј, доживеал срцев удар на вчерашната синодска седница и веднаш бил пренесен во болницата „Систина“. По направените лекарски проверки бил пуштен од болница, објави Утрински.

Веста за весникот денеска ја потврдил лично владиката Тимотеј.

“Сега сум добро! Ми се слоши на седницата, имав напад. Ќе продолжам и со други испитувања” , изјавил владиката Тимотеј.Од извори блиски на Синодот, Утрински дознава дека на митарополитот ќе му биде извршена операција на срцето.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.