MKDNews.com

Милетиќ: “Хомосексуалноста е болест (видео)

септември 24
00:48 2013

“Хомосексуалноста е болест, а вие ако сте во чекор со модата, одете, ама пазете кога одите, мора да биде тоа строго покрај ѕид”, вели пратеникот Драгиша Милетиќ.

Спред него, европското геј-лоби се повеќе ја ставало Македонија во опасност. Почнуваат да се пробиваат и да бараат да имаат свои права и нема да застанат на тоа, има да одат на изедначување на бракот со маж и жена. За време на социјализмот тоа беше казнива категорија и тоа за мене беше исправно”, рече Милетиќ пред пратениците Отворањето на Уставот и дефинирањето на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство, вчера ја вжешти атмосферата во собраниската сала.

Предлагачот на Предлог-измените во Уставот, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека со предлогот бараат уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни двојки во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители.

Тој посочи дека најважни морални обврски се семејството, бракот, мајчинството, татковството и грижата за децата и оти бракот како заедница е соочен со предизвиците на новото време.

– Истовремено треба да се уреди прашањето дека ниту една друга заедница на живот, освен уставно дефинираната брачна заедница помеѓу еден маж и една жена нема да произведува правни дејствија и последици во Република Македонија. Интенција на предлагачите е да се оневозможи некое идно парламентарно мнозинство со само 42 гласа да го менува Законот за семејство и да ја редефинира структурата на бракот, додаде Ѓорчев.

Со измената на Уставот на РМ, како што подвлече, оваа правна положба на брачната институција уставно треба да се дефинира како заедница ислучиво помеѓу еден маж и една жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.Ивон Величковски од ЛП побара толерантен пристап кон различните групи.

– Постапките на Владата не одат во прилог на тезата за заштита на бракот и семејството. Со вашите дневно-политички и поромански интенции вие единствено сакате да го оттргнете вниманието од вистинските проблеми.

На ова жестоко се спротистави пратеникот Драгиша Милетиќ

.- Хомосексуалноста е болест, а вие ако сте во чекор со модата, одете, ама пазете кога одите, мора да биде тоа строго покрај ѕид.Спред него, европското геј-лоби се повеќе ја ставало Македонија во опасност.- Почнуваат да се пробиваат и да бараат да имаат свои права и нема да застанат на тоа, има да одат на изедначување на бракот со маж и жена.

За време на социјализмот тоа беше казнива категорија и тоа за мене беше исправно, рече Милетиќ пред пратениците.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.