MKDNews.com

Мекејлеб најдобар натурализиран играч на ЕП

септември 01
10:13 2013

Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб е најдобар натурализиран кошаркар меѓу тие што ќе настапат на Европското првенство во Словенија според полскиот портал „Пшеглад спортови”, пренесува  derbi.mk.
Бекот на репрезентацијата на Македонија, кој беше избран во идеалната петорка на минатиот Евробаскет во Литванија, се наоѓа на првото место на листата од десетмина најдобри играчи што нема да ги бранат боите на родната земја на претстојното ЕП, туку на својата втора татковина.

– Дефинитивно најдобар меѓу натурализираните учесници на Евробаскетот оваа година – сензационален во Евролига, извонреден на претходното ЕП, каде што заедно со Перо Антиќ ја одведоа Македонија до првата четворка на првенството. Брзината, незадржливите влезови под кошот, како и проигрувањето на соиграчите – тие елементи на кошарката ги владее на највисоко ниво. Малку послабо стои само со ударот за три поена, го објасни својот избор „Пшеглад спортови”.

Топ 10 натурализирани кошаркари на ЕП во Словенија според порталот: 1. Бо Мекејлеб (Македонија), 2. Рики Хикмен (Грузија), 3. Томас Келати (Полска), 4. Јуџин Џетер (Украина), 5. Донтеј Дрејпер (Хрватска), 6. Трејвис Динер (Италија), 7. Александер Тајс (Израел), 8. Емир Прелџиќ (Турција), 9. Тајрис Рајс (Црна Гора) и 10. Закари Рајт (Босна и Херцеговина).

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.