Маска за лице од измет на славејче
Многу салони за убавина во Њујорк практикуваат невобичаен метод за пилинг на лице ,остранување на мозолчиња, акни.Станува збор за третман кој во себе содржи измет од азиско славејче.
Сопственичката на салонот „Шизука“ Шизука Бернштајн вели дека со овој третман некогаш се разубавуваче гејшите и оти таа оваа техника ја научила до својата мајка.
-Затоа јапонските баби некогаш имале убав тен,вели Дјук Клок,сопственик на сличен салон во центарот на Санта Фе кај кого третманот со измет од славејче чини 180 долари,што е стандардна цена.
Третманот почнува со отворањето на порите и со омекнување на кожата со топла водена пареа.Потоа се нанесува крем,па исушен измет сомлен во прав и измешан со оризови мекињи.
По околу пет минути се трга од лицето,а потоа околу главата се поставува топол и влажен пешкир со есенцијални масла.Завршницата е со маска од зелен чај за јакнење на калогенот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment