MKDNews.com

Македонските камионџии го блокираа Блаце

септември 09
22:14 2013

Maкедонските камионџии ја блокираат границата со Косово. Се запира протокот на стоки и на патници.На граничниот премин присутна е и полицијата.

Десетина камиони од Здружението на превозници Макамтранс и уште четири авотбуси ја блокираат границата. Тие се веќе стигнати на граничниот премин Блаце. Поделени се во две групи. Едни се во делот каде минуваат патници и автомобили. Другите го блокираат преминот за камиони.

Билјана Муратовска од Макамтранс вели дека тие бараат решавање на спорот меѓу двете земји, бидејќи веќе бројат штети. Најавуваат дека ќе ја блокираат границата се додека не се реши проблемот, а во текот на утрешниот ден очекува уште повеќе транспортери да се приклучат на блокадата на границата.
Нашата намера целосно да го блокираме влезот и излезот на границата со Косово е во знак на протест. Бараме да се седне и да се преговара и да се престане со овие блокади, зашто ние транспортерите сме први кои ги чувствуваме последиците. Како и да е, што и да се случува понатаму, сепак ќе седнат на маса. Зошто да губиме време, вака најгласно ќе ја кажеме пораката што ја имаме, без намера да нанесеме било кому штета, зашто и без тоа сме блокирани, не можеме да влегуваме во Косово, вели Муратовска. 

Во меѓувреме, и покрај денешната средба на владини претставници на двете земји во Приштина, продолжува ембаргото за македонски производи на Косово, како и плаќањето такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment