MKDNews.com

Македонска пошта издаде поштенски марки со балисти (фото)

септември 13
23:57 2013

Колекцијата на марки од неодамна е збогатена со уште две нови марки, од кои една со ликот на Реџеп Митровица, премиер на првата квинслишка влада на Албанија од 1943 до 1944 година и претседател на Втората призренска лига и на Али Риза, соработник со фашистичкиот окупатор.И покрај тоа што овие поштенски марки речиси два месеца стојат во колекцијата на „Македонскa поштa“, засега никој не реагира.

Во „Македонска пошта“ според мкд.мк тврдат дека поштенските марки се предложени по регуларен пат од Страна на Советот за филателија, во кој членувале стручњаци од повеќе области и одобрени од Министерството за транспорт и врски.Но, порталот наведува дека за овој скандалозен случај да добие поголеми размери, е тоа што во Советот за филателија нема историчар, туку само музичари и уметници. Сепак, предлозите на членовите на Советот за филателија биле прифатени од Министерството за транспорт и врски. Од министерството, пак, одговорија дека овој случај допрва ќе се истражи и за начинот на кој се одвивала целокупната постапка во „Македонска пошта“.

image

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment