Македонците да ги скријат срамните етикети на Гоце Делчев! Зошто тој е Бугарин !
УНЕСКО да ја поправи грешката и да им нареди на Македонците да ги покријат етикетите кои го претставуваат Гоце Делчев за Македонец како и знамето на Крушевската република,бараат Бугарските власти откако во Белград беа поставени во проектот „Замислувајќи го Балканот“.
Гоце Делчев е прогласен само за македонски национален херој , а под знамето се наведува дека било натпис на македонски јазик , што воопшто во тоа време не постоел и каков бил измислен 41 година подоцна изјави историчарот и шеф на НМИ , Божидар Димитров.
Ако тоа не биде направено ние ка ја напуштиме изложбата се заканија од Бугарското министерство за култура.
На ваквите бугарски реакции и провокации реагираше и Македонското министерсвто за култура во кое се истакнува дека:
„Изложбата успешно беше отворена за прв пат во Љубљана на 9-ти април 2013-та година за време на состанокот на министрите за култура на Југоисточна Европа. Исто така, по тој повод со поддршка на УНЕСКО и ИКОМ беше отпечатен и каталог кој е резултат на заедничката работа на сите координатори. Потенцираме дека отворањето на изложбата и печатењето на каталогот не беа предмет на забелешки на ниту една од земјите-учеснички во овој заеднички проект со УНЕСКО”,
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment