MKDNews.com

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт официјално раскина,си нашол Мајли од Мексико (фото)

септември 17
16:27 2013

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт и официјално се разделија. Парот потврди дека ја раскина свршувачката.Неколку месеци странските медиуми пишуваа за проблемите во врската на 20-годишната пејачка и 23-годишниот актер. Како главни причини за љубовните „турбуленции“ беа наведувани интересот на Лиам кон Елајза Гонзалес и новиот провокативен имиџ на Мајли.

Лиам и предложи брак на Мајли на 31 мај минатата година. „Многу сум среќна што сум верена и се надевам на среќен живот со Лиам“ – изјави Сајрус по објавувањето на веста за свршувачката. Тие се запознаа во 2009 година, за време на снимањето на филмот „The Last Song“.

23-годишната Ејза е всушност мексиканскиот пандан на Мајли. И самата како дете дел од тамошната детска програма, подоцна миленик на тинејџерите, а сега веќе млада дама која на ској начин сака да докаже дека пораснала.
Со Лијам покрај тоа што цела вечер не се одвојувале еден од друг, тие заедно заминале од клубот во раните утрински часови.

spl613099-003

Елајза Гонзалес

Елајза Гонзалес

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.