MKDNews.com

Мајка и ќерка загинаа во превртен трактор во велешко Горно Оризари

септември 09
16:30 2013

Педесет и деветгодишната Игбала и нејзината 35 годишна ќерка Сумера загинале на лице место додека третата жена, соседка која дошла да им помогне на нивата со тутун се спасила скокајќи.Сите три жени вчера попладне околу 17 часот се возеле на трактор, на кој имало закачено и корпа, а го управувала Сумера.

Тракторот се спуштил по стрмна удолница на земјениот и оштетен пат и завршил во земјен брег во месноста викана Карамуслица на околу три километри од селото Горно Оризари.Со трагедијата на семејството Тириќ денеска сочувствува цело село. Кога екипата на Канал 5 стигна во Горно Оризари голем број на роднини, соседи и пријатели одеа кон џамијата да им изразат сочувство.

Семејството се подготвуваше за верскиот обред и погребот на двете жени. Тие беа во шок и скршени од болка. Наместо нив говореа соседите и рекоа дека Тириќ биле добри луѓе. Ги жалеа двете малолетни ќерки на Сумера, кои останаа без мајка.Што точно се случило во несреќата во која загинаа мајката и нејзината ќерка ќе утврдува истрагата. Вчера на лице место полиција, истражен судија и јавен обвинител направиле увид.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment