MKDNews.com

Лустриран поранешниот началник на УБК-Охрид

септември 03
16:36 2013

Екс-началникот на УБК за Охрид е прогласен за наредбодател, реши денеска Комисијата за лустрација. Полицискиот функционер за кого се смета дека му бил близок соработник на Колишевски а е роднина на влијателен член на македонската бизнис заедница на пониските структури во службата им давал наредби да следат лица што му се противеле на тогашниот, социјалистички режим. Во Комисијата, како и во јавноста и натаму има полемика околу тоа дали наредбодавците треба да бидат предмет на лустрација, со оглед дека во законот нема експлицитна одредба.

„Ги прекршувале човековите права. Таков е Законот. Штом некој ги злоупотребува своите овластувања со кои се кршат човекови права, тој потпаѓа под Законот и ние, така работиме“, вели претседателот на Комисијата, Томе Аџиев.

„Дури и претседателката на законодавно-правната комисија, Благородна Дулиќ рече дека законот е аматерски напишан и дека нема конкретен член, но дека тоа се подразбира, дека е во духот на Законот. Но законот не е колумна, па да биде во духот, туку мора да има конкретен член, зошто се работи за конкретни дела и за конкретни луѓе“, рече членот на Комисијата, Чедомир Дамјановски

На денешната седница за соработник е прогласен и поранешен советник во Општина Ресен а Комисијата најави дека на некоја од наредните седници ќе се разгледува комплетното досие за следењето на раководството и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во деведесетите години, на барање на приватно лице.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.