MKDNews.com

Лукоил: Техничкиот дефект на бензиската пумпа во Охрид беше веднаш отстранет

септември 02
16:15 2013

Во врска техничкиот проблем, настанат на бензинската станица „Охрид 1” на 30-ти август, од „ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје“ информираат дека станува збор за изолиран случај од техничка природа, којшто веднаш е отстранет и бензинската станица работи во вообичаен режим.

– Проблемот што се појави, настана како резултат на пропаѓање на земјата од зазеленетата површина на бензинската станица, што доведе до напукнување на технолошка цевка од резервоарот до автоматот за точење гориво што доведе до вшмукување на подземни води. Брендираното гориво „ЕКТО“ на ЛУКОИЛ не дозволува смешување на водата со горивото и веднаш ги дели овие две фракции. Ова овозможи веднаш да биде утврден и отстранет техничкиот проблем на бензинската станица. Kомпанијата веднаш ги презеде сите неопходни активности за сервисирање и отстранување на настанатите проблеми на сите единаесет корисници – патнички возила, кои во моментот на појавување на дефектот биле опслужени на бензинската станица на „ЛУКОИЛ Македонија“ во Охрид. Водено компанијата уште еднаш им се извинува на клиентите за причинетата недобност, информираат од компанијата.

Од таму додаваат дека злонамерните и тенденциозни летоци дистрибуирани рано изутрината на 02 септември 2013 во Скопје, со кои се изнесуваат невистини, претставуваат груб и неуспешен обид за нарушување на угледот на компанијата, кој задоволните корисници на производите и услугите на „ЛУКОИЛ Македонија” знаат да го препознаат.

– „ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје” на оваа бензинска станица како и на сите останати бензински станици од мрежата на „ЛУКОИЛ“ продолжува со испорака на горива со врвен квалитет, кои целосно се во согласност со Правилникот за квалитет на течните горива, националните и меѓународните стандарди за квалитет на течните горива, стои во дописот до медиумите

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.