MKDNews.com

Литванија е првиот финалист

септември 20
21:02 2013

Кошаркарите на Литванија обезбедија пласман во финалето на Евробаскетот во Словенија, откако ја совладаа Хрватска со 77-62.

Литванија е првиот финалист1Натпреварот почна со тврда игра на двете страни, но потоа се разигра Клеиза, кој со 11 поени во првиот период беше најзаслужен за водството на Литванија од 24-19.
Клеиза продолжи со добрата игра и во втората четвртина, па Литванците направија предност од 29-20, но Хрватите се вратија и изедначија на 31-31. Сепак, Литванија замина на одмор со предност од 40-37.

Во продолжение од натпреварот на сцена стапи Мачијулис, кој со неколку тројки и носи висока предност на својата репрезентација.

На него му се приклучија и останатите играчи, кои одиграа одлично и во одбрана и во напад, па во последната четвртина влегоа со предност од 61-45.

Хрватите се обидоа да се вратат со удари од дистанца, но шутот денес воопшто не им одеше, а тоа го искористи противникот кој славеше со 77-62.

Литванците во финалето ќе се сретнат со победникот од второто полуфинале помеѓу Шпанија и Франција кое се игра вечерва.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.