MKDNews.com

Куршум наменет за таткото убил едногодишно дете (видео)

септември 02
15:28 2013

1yr old boy gunned down on Brooklyn Street, NYЕдногодишниот Антик Хенис бил погоден во главата додека родителите го шетале во количка низ улиците на Њујорк. Брзата помош го веднаш го однела во болница каде што бил прогласен за мртов.
Едногодишниот Антик Хенис бил погоден со куршум во главата додека неговите родители го шетале во количка низ улиците на Бруклин во Њујорк, вчера околу 19 часот.

Сведокот на инцидентот, 22-годишната Џина Гамбоа, која си одела од кај своето момче, изјавила дека слушнала три истрели и дека тогаш забележала човек кој трча во спротивен правец. Потоа забележала друг човек како стои покрај количка за бебиња.

Човек кој стоел покрај количката, бил таткото на Антик, кој исто така започнал да трча. Меѓутоа, набрзо се вратил крај својот син и извикувал: “Моето дете е погодено!”.

“Количката беше целосно прекриена со крв. Беше многу страшно”, додала Џина.

Малиот Антик бил погоден со куршум во левиот дел на главата и веднаш бил пренесен во болница, каде што бил прогласен за мртов пред 21 часот.

Некои од сведоците за “New York Post” изјавиле дека биле истрелани три или четири куршуми.

Полицијата се сомнева дека таткото на Антик бил главната цел на злосторникот, бидејќи на куршумот со кој било погодено детето го пишувало името на неговиот татко Ентони, дознава полицијата. Ентони и претходно бил обвинет за разни казнени дела.

Меѓутоа, вујкото на Антил, Крис, изјавил дека Ентони се променил откако станал татко.

“Само што почна да оди. Беше полн со живот. Не можам да верувам”, изјавил вујкото на Антик, Крис Добсон.

article-kidshot-0901

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.