MKDNews.com

Kривична пријава за бесправна градба во Струга

септември 12
17:00 2013

Поради постоење на основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности“ и „бесправна градба“ криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(28) од струшкото село Велешта.

Пријавениот, во текот на оваа и минатата година, на плажата „Блу Скај“ во Струга неовластено изградил ресторант како и вкупно тринаесет бетонски бунгалови. Тоа го направил иако овие објекти не биле предвидени во техничката документација и без одобрение од Министерството за транспорт и врски и од општината Струга. Бунгаловите ги изградил на државно земјиште без договор за негово користење. Е.Б. од Велешта во Април 2010 година, склучил договор со министерството за транспорт и врски за краткотраен закуп од две години на плажа во Струга. Според договорот Е.Б. како концесионер односно закупец на плажата, имал обврска земјиштето да го уреди како плажа од отворен карактер со поста- вување отворен сервисен пункт со шанк, со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви а наткриениот простор на сервисниот пункт да го изведе од дрво, метал, пресована слама во комбинација со други современи материјали. Наместо тоа, пријавениот на плажата „Блу Скај“ во Струга без одобрение изградил објекти од тврда градба од затворен тип.
Последни измени ( четврток, 12 септември 2013 )

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.