Косовски граѓани плаќаат за влез во Македонија
септември 08
16:31
2013
Косовските државјани, од ноќеска на полноќ плаќаат надомест по 2 евра за влез во земјава, за автомобилите се наплаќа 5 евра , а за автобусите и транспортерите по десет евра.
Мерката е донесена од македонската влада како одговор на едностраната мерка од косовска страна со која се забранува увоз на десетина македонски производи.
Косово пред три дена без најава, разговори и било какви предупредувања ја воведе мерката за забрана за увоз на македонски производи. Наводно причината на Косово е условениот увоз на брашно, иако Македонија мерката ја воведе кон сите земји, согласно домашното и меѓународното право.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment